Добредојдовте

Компанијата реализира услуги од областа на проектирање, инженеринг, консултантски услуги, обука, производство и изведба на системи за компјутерски надзор, управување, автоматизација и прилагодување во преносни, дистрибутивни трафостаници, индустриски и телекомуникациски објекти.

Компанијата е фокусирана на изнаоѓање решенија во автоматизација на процесите кои им помагаат на клиентите во зголемување на продуктивноста, сигурноста на работењето, намалување на човечкиот фактор, лесна дијагностика и одржување.

- Со најповолниот однос цена/перформанси, обезбедената гаранција и сервис, производите и услугите на БИС ИНЖЕНЕРИНГ се високо прифатливи како за вообичаените така и за најпребирливите бизнис корисници

- Инвестирањето во технологијата и високото ниво на професионализам на нашите вработени е основата за нашиот развој

- Со придржувањето кон принципите на високата професиналност како во набавката така и во имплементацијата на новите производи, им пренесуваме технологија, информации и подршка на нашите партнери, со чија помош тие секогаш имаат предност на пазарот каде што подобрата услуга е основен критериум за поголем број на клиенти. Поради тоа континуираната едукација по најсовремени светски стандарди е обврска, а воедно и предност на секој вработен во компанијата.

- Вработените во БИС ИНЖЕНЕРИНГ располагаат со сертификати од доменот на нивното делување и пошироко.

Организација

БИС ИНЖЕНЕРИНГ е претпријатие регистрирано за производство, градежништво, трговија со проектирање, реализација и интеграција на системи и услуги. Формирано е во 06.03.1990 год.

Компанијата реализира услуги од областа на проектирање, инженеринг, консултантски услуги, обука, производство и изведба на системи за компјутерски надзор, управување, автоматизација и прилагодување во преносни, дистрибутивни трафостаници, индустриски и телекомуникациски објекти. 

ISO 9001:2008

Во БИС Инженеринг е документиран и воведен систем за управување со квалитет, за кој од страна на Раководството на фирмата е превземен ангажман за негово поддржување и континуирано подобрување на неговата ефикасност.

Раководството на фирмата го сочинуваат:

  • Управител
  • Координатор за СУК
  • Раководители на одделенија
Партнери

Тука доаѓа информација за партнери.